Баерн Минхен го победи Фрајбург со 2-1, шампионот на Германија стигна до победата со гол на Милер во 75 минута.

Шампионот од Бундес лигата победи со головите на Левандовски и Милер, првиот погоди во 7 минута а вториот во 75 минута од средбата во која гостите израмнија во 62 минута со погодокот на Петерсен.

Баерн Минхен е лидер во Германија со 36 бода пред Лајпциг кој има 32 по 16 одиграни средби.