Фудбалеритена Кил се пласираа во 1/8 финалето од Купот на Германија откако го совладаа Баерн Минехн по изведувањето на пенал рулетот со 6:5.

По регуларните 90 минути беше 2:2.  Баварците поведоа преку Гнабри во 14 минута, Бартенс израмни во 37 минута. Сане повторно му донесе предност на гостинот во 47 минута додека мечот во продолжение замина поради голот на Вах во 95 минута.

Во пенал рулетот за Баерн Минехн не реализираше Роха за голема победа на Кил.