Баерн Минхен го победи Баер Леверкузен со 4-2 и ги обедени титулите од Бунделсигата и Купот на Германија.

За Баерн Минхен ова е 20. круна во Купот на Германија до која дојде со головите на Алаба, Гнабри и двата гола на  Левандовски. За Леверкузен головите се дело на Бендер и Хаверц.

Баерн Минхен со стил ја заврши сезоната, освои двојна круна, сосема заслужено е најуспешен клуб сезонава во Германија.