За разлика од воведното полуфинале на Ауди Купот, Баерн Минхен не дозволи изненадување против Фенербахче откако победи со убедливи 6:1.

Баварците уште во првото полувреме водеа со 5:0 па конечниот епилог не ја отсликува ситуацијата на Алијанц Арената. Томас Милер постигна три гола, а по еден Санчез, Горецка и Коман.

Во финалето на овој контролен турнир Баерн Минхен ќе игра против Тотенхем кој денеска го победи Реал Мадрид со голот на Хари Кејн.