Фудбалерите на Баерн Минхен освоија уште еден трофеј во оваа календарска година. Успехот во Лигата на шампионите го надградија со освојувањето на Супер Купот на УЕФА, каде во финалето ја совладаа Севиља со 2:1.

Шпанскиот прволигаш поведе со голот на Окампос од пенал во 13 минута.

Горецка му донесе израмнување на Баерн Минхен во 34 минута по асистенцијата на Левандовски.

Победникот го одлучи Чави Мартинез во 104 минута.