Екипата на Баерн Минхен а запиша петтата победа во низа во Бундеслигата на гостувањето кај Гројтер (1-3).

Баварците иако играа со играч помалку речиси цело второто полувреме не дозволија противникот да се понадева на позитивен резултат. Томас Милер во 10.минута ја најави победата, на на 0-2 зголеми Џошуа Кимих по половина час игра.

Сите дилеми околу разврската на овој меч беа разрешени во продолжението. Автоголот на Себастијан Грисбек беше крај на секоја надеж на домашната екипа за бодови на оваа средба. Бројчаната предност Гројтер ја искористи за гол за утеха преку Итен.