Фудбалерите на Баерн Минхен се изборија за убедлива победа на домашен терен од 5:0 против Фортуна Диселдорф во 28 коло од Бундес лигата.

Првото полувреме донесе три гола, но вистинската магија пристигна во вториот дел кога Левандовски реализираше за 4:0. Последниот гол беше дело на Дејвис во 52 минута.

Во следното коло Баерн Минхен ќе гостува кај Баер Леверкузен додека Фортуна е домаќин на Хофенхајм.