Шест натпревари се одиграа вечерва во „главниот“ термин на Лигата на шампионите, на дербото на вечерта, Баерн Минехн ја реши Барселона во Шпанија со 3-0, Јувентус го реши Малме со 3-0, додека Челзиво вториот дел ја оправда фавористката улога против Зенит.

Со головите на Милер и Левандовски кој двапати погоди, Баерн Минхен ја прегази Барселона со 3-0, кризата на гигантот од Шпанија е евидентна, без Меси се поинаков тим. Барселона не го погоди голот на Баерн Минхен.

Левандовски 18 натпревари во низа постигнува голови, 75-ти гол во Лигата на шампионите !

Јувентус со 3-0 го реши Малме во Шведска, головите се дело на Алек Сандро, Дибала и Мората во првиот дел.

Челзи со голот на Лукаку во вториот дел го скрши отпорот на Зенит во 69 минута за три бода на стартот од кампањата во Лигата на шампионите.

На останатите средби од првата рунда, Вилјареал – Аталанта 2-2, Динамо Киев – Бенфика 0-0 и Лил – Волфсбург 0-0.