Баер Минехн се врати на првото место на табелата во Бундес лигата откако славеше на гостувањето кај Келн, победа од 4:1 во 22 коло.

Воведните 12 минути, „Баварците“ ги одиграа фуриозно, Левандовски погоди во 3 минута, Коман зголеми на 2:0 две минути подоцна а Гнабри реализираше во 12 минута за 3:0.

 

Во второто полувреме Гнабри зголеми на 4:0 во 66 минута а домаќнините ги поставија конечните 1:4 преку Ут во 70 минута.

Во следното коло Баерн Минхен ќе го дочека Падерборн а Келн ќе и гостува на Херта.