Акутелниот германски шампион Баерн Минхен обезбеди место меѓу четирите најдобри во Покал Купот на Германија, по победата над Шалке од 0-1.

Овој меч беше дерби во четврфиналната фаза, а одлучувачкиот момент се случи во финишот на првиот дел, кога Кимих со волеј шут донесе водство за „баварците“. Во вториот дел и двете екипи имаа по неколку шанси, но на крајот мрежите мируваа и германскиот гигант обезбеди полуфинале.