Само чудо може да го спаси Лацио во обидот да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите на УЕФА, откако во воведното осминафинално соочување на домашен терен, загуби од Баерн Минхен со убедливи 4:1.

„Баварците“ одиграа фантастично во првото полувреме во кое Левандовски, Моусала и Сане го совладаа Реина.

На стартот од второто полувреем Ачерби си постигна автогол, а конечните 4:1 ги постави Кореа во 49 минута.

 

Реваншот во Минхен е закажан за 17 март.