Шансите на Челси да се најде меѓу најдобрите осум екипи во Европа оваа сезона во Лигата на шампионите се сведени само на теорија.

Баерн Минхен успеа да слави со убедливи 3:0 на денешното гостување во Лондон. Серж Гнабри постигна два брзи гола во 51 и 54 минута за водство на гостите.

Конечните 3:0 во полза на „Баварците“ беа дело на Левандовски во 76 минута.

До крајот на мечот, Челси остана и без исклучениот Алосно кој заработи директен црвен картон во 83 минута. Реваншот од осминафиналето од ЛШ во Минхен е закажан за 18 март.