Вечерва во рамките на 30.коло во Бундес лигата се одиграа три натпревари, од кои фокусот беше на дербито во Минхен во кое се сретнаа Баерн Минхен и Баер Леверкузен.

Актуелниот шампион на Германија немаше поголеми проблеми со „фармацефтите„ и славеше со 2:0.

Ерик Чупо Мотинг во 7.минута и Џошуа Кимих во 14.минута се погрижија за поготоците во првиот дел, што се покажа и како конечен резултат.

Во останатите два дуели Арминија го совлада Шалке 04 со 1:0 и ги зголеми шансите за опстанок ,а Ајнтрахт Франкфурт славеше над Аусбург со 2:0 во борба за место во Лигата на шампионите

Предходно во 18:30 својот меч го одиграа Келн и Лајпциг кој заврши со победа на домаќините од 2:1.