Баерн Минхен го совлада Келн на гости со 4-1 и тоа со неверојатен почеток на мечот на кој за само 12 минути постигна 3 гола.

Клубот од Минхен последен пат постигнал 3 гола за само 12 минути пред 47 години против Оберхаузен во 1973 година, тогаш победи 5-3, денеска триумфираше со 4-1 против „јарците“ во Келн.

Трите почетни брзи гола за Баерн ги постигнаа Левандовски, Коман и Гнабри во 3, 5 и 12 минута од средбата.