Баерн Минхен триумфираше во Леверкузен против Баер со 4-2, убедлива победа на лидерот кој се зацврсти на првата позиција на табелата.

Левекузен поведе со голот на Аларио по 10 минути игра, се чинеше дека е можно изненадување.

Следуваше одговор на Баерн Минхен со три гола во низа за пресврт во првото полувреме. За гостите од Минхен погодија КОман, Гореца и Гнабри.

На 1-4 за Баерн Минхен во Леверкузен зголеми Левандовски со погодок во 66 минута. Конечните 2-4 се дело на Флоријан Вирц во 89 минута.

Лајпциг испушти победа против Падерборн, одиграа нерешено 1-1, домашните поведоа преку Шик, гостите израмнија во 91 минута преку Штохдик.

Мајнц славеше на гости кај Ајнтрахт Франкфурт со 2-0, нерешно заврши средбата меѓу Дизелдорф и Хофенхајм со резултат 2-2.