Во овие моменти се играат 6. натпревари од првото коло од Лигата на шампионите. Главниот акцент е во Барселона на дербито помеѓу Барселона и Баерн Минхен.

По првиот дел екипата на Баерн Минхен има предност од 0-1 со голот на Томас Милер во 33.минута од првиот дел.

Германскиот шампион подобро го отвори натпреварот, создаде неколку ветувачки можности, а една од нив Томас Милер ја претвори во гол.

Гостинскиот играч шутираше од некои 25 метри во 34. минута, а топката се одби од Гарсија и на тој начин го измами Тер Штеген.

 

На останатите дуели , екипата на Челзи нетипично мирна во првиот дел против Зенит има 0-0 , а истиот резултат е на дуелите Волфсбург- Лил , и Динамо Киев-Бенфика , додека пак Виљареал и Аталанта играат 1-1 со погодоците на Фрулер во 2 минута и Тригерос во 31.минута

Екипата на Јувентус очигледно лошиот старт во Италија , и бесот ќе го „истурат“ врз екипата на Малме ,откако по првиот дел водат со 3-0.

Алекс Сандро погоди во 22.минута , а Дибала во 45.минута и Мората во 45+1 го зголемија водството на Јувентус по првиот дел.