На гробиштата Мирогој во Загреб денеска погребан Златко Цицо Крањчар. Легандата на Динамо Загреб и хрватскиот фудбал и еден од најдобрите напаѓачи во седумдесетите години почина на први април во болницата Меркур на 65 години. Зад себе ги остави сопругата Елвира, ќерката Лана, синот Нико и целото динамово семејство.

Многубројни навивачи дојдоа да му одаддат почест на Цицо во дресови од Динамо и шал околу вратот. На гробиштата имаше околу 1.000 луѓе, а Крањчар беше закопан во Алејата на великаните. До местото на погребот можеа да дојдат само најтесното семејсрво, пријателите и поранешните соиграчи на Крањчар.

Простувањето од популарниот Цицо не застана само на погребот. Навивачите на Динамо одлучија почест да му искажат и со голема бакљада пред неговиот дом во неговата родна населба во Загреб Ференшчица.

Се работи за квардт во кој Цицо растел и станал фудбалер каков што бил. Со пријателите од тој кварт прв пат отишол на тренинг на Динамо. Останатото е историја.