Откако сопствениот на Бреша потврди дека Балотели нема повеќе да биде дел од овој клуб а неговиот договор наскоро ќе биде рескинат, контроверзниот напаѓач се обиде да се покаже дека може да се промени.

Но обидот на Балотели мина неуспешно, тој денеска се обидел да присуствува на тренинг но откако неговиот медицински сертификат не бил валиден, не му било дозволено да влезе внатре.