Во рамки на 36. коло од шпанската Ла Лига, интересна голеада приредија екипите на Леванте и Барселона кои ремизираа со резултат 3:3.

Со два погодоци во првото полувреме, Барселона се чини оствари сигурна предност пред вторите 45. минути, благодарение на погодоците на Меси во 25. минута, како и погодокот на Педри во 34. минута, за високи 0:2 на полувреме.

Во второто полувреме, во резултатски колосек се вратија домаќините, кои најпрво ја намалија предноста на 1:2 со погодокот на Мелеро во 57. минута, а потоа направија кам бек во играта со погодокот на Моралес во 59. минута.

Резултатската нишалка продолжи, па повторно Барселона ја преземе водечката страна во мечот, со погодокот на Дембеле во 64. минута, но конечните 3:3 сепак ги постави Леон за Леванте со погодокот во 83. минута од мечот.