Енис Барди се повреди на подготовките со македонската фудбалска репрезентација во ноември, од тогаш до денес, пропушти 12 меча а нема настап цели 71 дена.

Барди тренираше вредно и посветено, сега е 100% подготвен, и тој е во комбинација за дуелот со Кадиз.

Леванте гостува кај Кадиз, Барди е на списокот за настап, извесно е дека ќе добие шанса и минутажа на оваа средба која започнува од 19 часот.