Енис Барди и Леванте пропуштија одлична шанса да стигнат до трите бода во мечот против Гранада, поведоа но на крајот натпреварот заврши нерешено 1-1.

Македонскиот репрезентативец ги одигра сите 90.минути на овој натпревар во кој неговата екипа имаше предност на полувреме со голот на Моралес. Сепак гостите во 60.минута преку одличниот пробив на Мачис израмнија на 1-1, резултат кој беше и конечен на натпреварот.

По ова коло Леванте се наоѓа на 12.позиција, додека Гранада е изненадувачки на високото 9.место.