Македонскиот репрезентативец Енис Барди и Леванте загубија на гостувањето кај Виљареал со 2-1. Енис ги одигра сите 90.минути, но тој и неговите соиграчи не успеаа да го изненадат фаворитот.

Џерард Морено уште во 7 минута ги доведе во водство домаќините, а на стартот од вториот дел Мајорал израмни. Радоста на гостите кратко траеше, бидејќи Виљареал преку  Гомез веднаш ја врати предноста и стигна до трите бода.

Леванте по ова коло остана на 11.позиција со 29 бода, додека Виљареал е 6-ти и до крајот на сезоната ќе води жестотка битка за местата кои водат излез во Европа.