Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди по пауза од 71 ден се врати во составот на Леванте на денешното гостување кај Кадиз.

Барди не доби шанса, откако остана на клупата за резерви и покрај најавите дека денеска ќе одигра барем 15 минути.

Головите за домаќинот ги постигаа Переа во 4 и Кала во 28 минута, за Леванте прецизен беше Роџе во 8 и 11 минута.