Леванте загуби од Атлетик Билбао со 1-2 на домашен терен, Енис Барди го постигна единствениот гол за сцојот тим кој сепак не успеа да освои бод на овој натпревар.

Атлетик Билбао поведе со 2-0, головите ги постигна Гарсија во 4 и 45 минута. Во второто полувреме, Енис Барди погоди во 71 минута, но тоа беше се што направи тимот на македонскиот репрезентативец.

Леванте е на 12. место на табелата со 43 бода.