Енис Барди влезе во игра во финишот на средбата меѓу Леванте и Мајкорка, средбата заврши со 2-1 за домашниот тим, Трајковски поради повреда не беше во составот на гостите.

Леванте поведе со голот на Роџер во 52 минута, Мајорка израмни преку Родригез во 65 минута. Домашните повторно дојдоа до предност преку Рокина во 73 минута за победа со 2-1.

Леванте со нивите три бода има 20 и се искачи на 10. место на табелата, Мајорка остана на контото со 14 бода и се наоѓа на 16. место.