Валенсија и  Леванте одиграа 1-1 на градското дерби,тимот на Барди се спаси од пораз со гол од пенал во 97 минута.

Енис Барди играше од првата до 74 минута кога беше заменет, неговата екипа во тој момент остана со играч помалку црвен картон доби Роџер.

Валенсија имаше повеќе од играта, создаде повеќе шанси, поведе со голот на Родриго во 90 минута.

Кога се чинеше дека ќе биде крај, беше досуден пенал за Леванте кој го искористи Мелеро во 97 минута за голем бод на градското дерби.

Леванте има 33 и се наоѓа на 12 место, Валенсија со 43 бода по оваа средба е на 7 место.