Енис Барди одигра 90 минути за Леванте во убедливиот пораз од Виљареал на домашен терен со 1:5.

Виљареал поведе со 0:2 по само 13 минути игра. Првиот гол во деветтата минута беше автогол и дело на Серхио Постиго, на 0:2 во 13-тата минута зголеми Џерард Морено. Голот за 1:2 и единствниот на овој меч за Леванте го постигна Микаел Малса.

По него за 1:3 за Виљареал стрелаше Самуел Чуквуезе во 63-тата минута. Нов автогол во 72-та за 1:4 постигна Рубен Везо, а конечните еден 1:5 ги постави Чуквуезе.

Со оваа победа Виљареал се искачи на петтата позиција со 49 бода, додека Леванте е деветти со 38.

Standings provided by SofaScore LiveScore