Фудбалерите на Леванте за кого настапува макеонскиот репрезентативец Енис Барди загубија на тешкото гостување кај Атлетик Билбао со 2-1.

Барди го одигра целиот меч за тимот од Валенсија, кој во финишот на мечот загуби еден бод, по голот на Капа во 89 минута. Леванте поведе со голот на Постиго во судиското продолжение од првиот дел, но домаќините преку Мунаин и Капа направија целосен пресврт.

Леванте со 17.бода се наоѓа на 12 позиција на табелата во Ла Лига, а следното коло Барди и Леванте ќе ја дочекаат Мајорка за која настапува Александар Трајковски.