Енис Барди по два месеци пауза се врати во составот на Леванте кој загуби кај Севилја со 5-3!

Севилја и Леванте одиграа еден од најдобрите и највозбудливи натпревари во Шпанија, меч со осум гола, а можеа да бидат постигнати уште најмалку два.

Барди се врати во составот на Леванте со добра игра, влезе во 46 минута, го разигра својот тим, но завршија со пораз.

Македонскиот репрезентативец погоди статива од слободен удар, но Леванте заврши без бодови од овој меч.