Леванте го победи Валјадолид со 4-2 на гости и обезбеди четвртфинале во Купот на Кралот, Енис Барди стартер и стрелец на маестрален гол, за прв пат по повредата со македонската репрезентација беше стартер за својата екипа.
Валјадолид поведе со голот на Тони Вилја а Барди израмни со супер шут од слободен удар во 23 минута.
Следуваа уште два гола за Леванте преку Малса и Коке за 1-3. Домашните намалија преку Вајсман а Моралес од пенал ги постави конечните 2-4 за Леванте и пласман во четвртфиналето.
Енис Барди играше од првата до 55 минута.
Comments are closed for this post.