Македонскиот репрезентативец Енис Барди, се врати на професионалните обврски и започна со тренинзи во тимот на Леванте. Македонецот на еден од нив покажа за  каква фудбалска класа се работи откако покрај тројца соиграчи со “ножички“ успеа да му донесе поен на својот состав.

Ла Лига и Барди се очекува да ја продолжат сезоната на почетокот од јуни, откако вчера премиерот на Шпанија даде дозвола за рестарт на сезоната.