Фудбалерите на Барнли со минимални 0-1 на гости славеја кај Кристал Палас и се вратија во игра за местата кои водат излез во европските купови.

Решавачкиот момент се случи во 62.минута кога Бен Ми со одличен удар со глава ја затресе мрежата, а на тоа претходеше хируршки прецизен центаршут од Вестфуд.

Во следното коло Барлни го дочекува Шефил Јунајтед, додека Палас го очекува тешко гостување кај Лестер.