Големото дерби на „Камп Ноу“ кое се одигра ова попладне не донесе победник , односно Барселона и Атлетико Мадрид одиграа нерешено 0-0 односно ги поделија бодовите.

Овој натпревар привлекуваше огромно внимание затоа што во последните кола Барселона, Атлетико и Реал влегуваат во жестока трка за титулата. На крајот на „Камп Ноу“ денес не видовме погодоци, а Барса и Атлетико ги поделија бодовите сценарио кое му одговара најмногу на Реал Мадрид кој утре го игра својот меч со Севиља.

Двата голмани Марк Андре Тер Штеген и Јан Облак беа најразположени, па одбранија се што беше упатено кон нивниот гол, сочувајќи ја својата мрежа.

Со ваквиот исход, Атлетико останува на плус два од Барселона и на плус три од Реал Мадрид кој доколку победи против Севилја, ќе избие на првото место и во последните три кола ќе има се во свои раце.