Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта и управата на клубот предложија да започне проектот „Еспаи Барса“ вреден милијарда и пол евра, а сега Барселона објави како треба да изгледа проектот.

Во близина на стадионот ќе се изградат нови канцеларии и хотел, нова сала за други спортови и концерти, нов паркинг за автобуси, стадионот ќе биде целосно покриен, бројот на гледачи ќе се зголеми од 99 илјади на 105 илјади.

“Најдобриот клуб во светот го заслужува најдоброто. На крајот на краиштата, сите други големи клубови започнаа со реконструкција на стадионот. Нашиот ќе биде најдобар”, е пораката од видео -презентацијата на проектот на Барселона.