Фудбалерите на Барселона ја совладаа Валенсија со 3: 1 (2:1), во натпреварот од 9.коло во шпанската Ла Лига.

По првиот пораз сезонава против Атлетико Мадрид, Барселона оствари победа на домашен терен.

„Лилјаците“ беа поразени по пресвртот и сега Валенсија е во серија од пет натпревари без победа.

Гостите поведоа во петтата минута со прекрасниот погодок на Хозе Гаја , но следуваше пресврт до полувремето.

Мемфис Депај го асистираше за ремек делото на Ансу Фати во 13 -та минута.

Пресвртот го комплетираше Депај со гол од пенал во 41. минута.

Фелипе Кутињо стави точка на натпреварот во 85. минута, на асистенција на Дест.