Фудбалерите на Барселона славеа во дербито со Севиља со 2:0 во 25 коло од Ла Лига и за момент се искачија на второто место на табелата (за ова да остане вака Реал Мадрид треба да не победи против Реал Сосиедад).

Воведниот гол на мечот го постигна Дембеле во 29 минута по додавањето од Меси.

Аргентинецот кој заработи жолт картон во 42 минута, а една минута подоцна имаше елементи за втор жолт картон, судијата одлучи да не му го додели а домашните фудбалери протестираа по однос на одлуката.

Меси ги постави конечните 2:0 со гол во 86 минута.

Standings provided by SofaScore LiveScore