Барселона ја победи Осасуна со 4-0 во Примера, еден гол постигна Меси кој го соблече дресот на Барса а под него носеше на Њуелс Олд Бојс за кого на крајот од кариерата настапуваше Марадона.

Меси постигна атрактивен гол, но поради дресот на клубот од Аргентина според „Спорт“, Барселона ќе плати казна од 3000 евра.

Ваков начин на славје не е дозволен во Примера, Меси очигледно свесно вака реагираше, 3000 евра веројатно е пресметан ризик.