Барселона успеа да победи по две нерешени средби. Каталонците на домашен терен го совладаа Леванте со 3: 0, а овој меч, покрај головите на двајцата Холанѓани, го означи и враќањето на теренот на талентираниот Ансу Фати.

Новата десетка на клубот од „Камп Ноу“ не можеше да замисли подобро враќање. Тој влезе во игра во 81. минута наместо Лук де Јонг, а во првата минута од продолжението постигна гол и најави дека е подготвен да носи толку важна и значајна бројка на својот грб.