Акутелниот шпански фудбалски првак, Барселона полесно од очекувањата славеше кај секогаш незгодниот Еибар со 0-3.

Она што мора да ги радува фановите на „Каталонците“ е играта на Гризман кој полека се вклопува во мозаикот на Валверде. Токму французинот во 13. минута го отвори резултатот, а во вториот дел му подели одлична асистенција на Меси кој без поголеми проблеми го совлада голманот Дмитровиќ. Точка на победникот стави Луис Суарез со гол во 66. минута.

Барселона следниот викенд ќе го дочека Ваљадолид, а пред тој дуел во среда ќе и гостува на Славија Прага во рамки на Лигата на шампиони.