Барселона без Меси во тимот го победи Елче со 2-0 на гости, Френки Де Јонг постигна гол и запиша асиситенција во победата на каталонскиот тим.

Френки Де Јонг погоди за водство во 39 минута, конечниот резултат го постави резервистот  Рики Пуиг една минута до крајот на мечот а по аситенција на стрелецот на првиот гол.

Голманот на Барса, Марк Андре Тер Штеген  при водство од 1-0 на неговата екипа запиша неверојатна  одбрана со која не дозволи израмнување, бранеше одлично во текот на мечот, но се чини дека овој момент беше многу важен за победата на каталонците кои сега имаат  37 бода од 19 меча, лидер е Атлетико со 44 и натпревар помалку.