Бранителот на титулата во Шпанија, Барселона лесно се справи со гостинскиот предизвик кај Гетафе во 7 коло од Ла лига.

Луис Суарез се погрижи за мирни 15 минути меѓу двете полувремиња со гол во 41 минута а конечните 2:0 ги постави Жуниор со деби голот во дресот на каталонците.

До крајот на средбата, Барселона остана без исклучениот Ленглет кој ќе го пропушти соочувањето со Севилја следното коло.