Барселона тргна во групната фаза во ЛШ со рутинскиот триумф на домашен терен против Ференцварош со 5-1.

Каталонците го отворија резултатот преку Лионел Меси од пенал во 27 минута, а до крајот на полувремето го зголемија водството на 2-0 преку Асун Фати.

 

На самиот старт на вториот дел, Барселона стигна и до 3-0 благодарение на голот на Кутињо.

Унгарците стигнаа до почесен погодок во 70 минута преку Каратин, откако претходно црвен картон доби Пике.

Педри во 82 минута зголеми на 4-1, а конечните 5-1 ги постави Дембеле во 89 минута.

Претходно вечерва во истата група Јувентус славеше на гостувањето кај Динамо Киев со 2-0, а двоен стрелец беше Алваро Мората.