Два натпревари од 4. коло се играат во моментов во Лигата на шампионите, Барселона се мачи против Славија Прага, Лајпциг води во Русија против Зенит.

Барселона и Славија Прага играат со резултат 0-0 по првото полувреме, натпревар од  конкуренцијата Ф во која вечерва се среќаваат Борусија Дортмунд и Интер.

Германскиот тим Лајпциг постигна гол против  Зенит во финишот на првиот дел преку преку Деме за предност од 1-0 по 45 минути игра.

Во првата фаза од првиот дел гостите од Германија постигнаа гол преку Халстенберг, но голот беше поништен со одлука на ВАР поради играње со рака.