Шпанска Барселона ја анулираше предноста на Севиља во полуфиналето од „Копа Дел Реј“ откако во реваншот на „Камп Ноу“ победи со 3:0 и со ова обезбеди пласман во финалето.

Дембеле го отвори резултатот во 12 минута, Пике во 94 минута погоди и го однесе мечот во продолженија. Конечните 3:0 беа дело на Братвајт во 95 минута.

Во второто полуфинале играат Леванте и Атлетик Билбао, првото соочување заврши 1:1.