Барселона со 3-0 го реши Елче, заостанат натпревар од првото коло во Ла Лига.

Каталонците се мачеа иако запишаа убедлива победа, сите три гола ги запишаа во второто полувреме, два се дело на Меси во 48 и 68 минута, еден на Алба во 73 минута.

Барселона сега има 5 бода помалку од лидерот Атлетико Мадрид кој има и средба помалку.