Шпанска Барселона го потврди трансферот на Сержињо Дест. Десниот бек пристигна од Ајакс за 21 милиони евра со можност сумата да порасне за дополнителни пет милиони евра.

Дест се согласи на петгодишен договор и откупна клаузула од 400 милиони евра.

За Куман ова е првото засилување по пристигнувањето во Барселона.