Барселона во дерби мечот од 24.коло славеше над Хетафе со 2-1, а победникот го реши уште по првото полувреме.

Каталонците резултатот го отворија со голот на Гризман во 34.минута по одличната асистенција на Меси, а само шест минути потоа Серџо Роберто ја дуплираше предноста. Гостите од предградието на Мадрид во вториот дел се вратија со голот на Анхел, но тоа беше се што успеаа да направат.

По оваа победа Барса се израмни на лидерската позиција со Реал Мадрид кој има натпревар помалку, додека Хетафе остана трет со 42 поени.