Барселона го освои трофејот во Купот на Кралот, со фуриозна голгетерска игра во вториот дел стигна до победа со 4-0 против Атлетик Билбао.

Барселона се до 60 минута немаше предност, но тогаш го скршија противникот, Атлетик Билбао првиот гол го прими по 15 минути игра во второто полувреме, реализираше Гризман за водство 1-0.

Следуваат неверојатни 12 минути во кои Барселона уште три пати ја погоди противничката мрежа, Де Јонг еднаш и Меси два пати се запишаа во листата на стрелците за „покер“ победа и триумф во Купот.

За Барселона ова е прва титула  во ова натпреварување по 2018 година и вкупно 31-ва  во Купот на Кралот.