Фудбалерите на Барселона не дозволија нов кикс во Ла лига откако славеа на гостувањето кај Бетис со 3:2 иако во два наврати беа во негатива од по еден гол во натпревар од 23 коло од Ла лига.

Бетис отвори со голот на Каналес од пенал во 6 минута.

На ова Барселона одговори преку Де Јонг по асиснтеција на Меси во 9 минута.

Бетис одново се избори за предност откако Фекир погоди за 2:1 во 26 минута.

За реми по првите 45 минути се погрижи Бускец (асистираше Меси) во третата минута од судиското продолжение.

Конечните 2:3 беа дело на стоперот Ленгле во 72 минута одново по асистенција на Лионел Меси.

Бетис играше без иклучениот Фекир од 76 минута а црвен картон заработи и Ленгле во 79 минута кај Барса.