Барселона со пресврт до победа на гости кај Леганес со 2-1, домашните беа блиску до освојување на бод но не зидржаа во финишот.

Ел Несири ја доведе екипата на Леганес до предност со 1-0 со прекрасен гол во 12 минута.

Во вториот дел Барселона успеа да постигне два гола за победа, прво израмни Суарез во 53 минута, Видал стави точка на средбата со гол во 79 минута за победа на гостите.

Барселона за втор пат сезонава доаѓа до победа со пресврт откако имала негатива по првиот дел, го победи Интер во лигата на шампионите на идентичен начин.

На табелата Барселона има 28 бода и во моментов е прва на табелата, Леганес останува закован на дното.